Маж се самозапали пред Владата на Романија

Маж се самозапали денеска пред очите на минувачите на „Плоштадот на победата“ во Букурешт. Тој стоел во близина на зградата на романската Влада држејќи шише со бензин во раката и се заканувал дека ќе се самозапали.

По некое време тој се полеал со бензинот и го направил тоа. Очевидците повикале помош, а медицинските екипи пристигнале многу брзо и го спасиле мажот. Тој моментално се наоѓа во болница, а здравствената состојба не е критична. 

 

 

07.08.2014 - 14:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа