Потресна изјава на таткото на убиената Тијана

Таткото на малата Тијана која беше брутално убиена не може да се помири дека неговата ќерка ја нема повеќе. Иако сите се надеваа дека на крајот се ќе излезе добро и полицијата која 24 часа трагаше по тинејџерката ќе ја врати дома жива и здрава со што ќе заврши кошмарот, за жал, лошите вести го скршија од болка целиот Балкан.

Игор Јуриќ низ солзи за српскиот Курир вели дека не знае што би кажал во оваа ситуација. Вели дека семејството за 12-13 часа поминало низ вистински пекол. 

- Не зневме каде ни е детето, не спиевме, бевме под притисок. Овој губиток кој ние го преживеавме се надевам е последен на земјава и дека никој друг нема да доживее ваква болка, вели таткото.

Игор за убиецот на своето дете вели дека не знае како да го окарактеризира тој монструм.

- Не знам каков човек си ако имаш 120 килограми и се изживуваш врз дете кое има само 15 години и 47 килограми. Тоа не е човек, тоа е животно!, вели таткото.

За потсетување, 34-годишниот Драган кој работи како месар брутално ја убил, па закопал Тијана, а потоа не покажал ронка каење. Сега е приведен и ќе одговара за делото кое го направил.

07.08.2014 - 14:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа