Србија гневна: Се бара смртна казна за убиецот на Тијана

15 - годишната Тијана Јуриќ по која трагаше цел Балкан, е убиена најверојатно неколку саати откако е киднапирана, ноќта помеѓу 25. и 26. јули во Бајмок. Полицијата доцна синоќа го уапси нејзиниот киднапер, Драган Џуриќ.

34 - годишниот месар од Сурчин во полициската станица го признал грозоморното дело но не покажал ни ронка каење. Тој ја следел Тијана вечерта на 25. јули кога одела накај својата другарка да и ја врати тренерката. Откако ја киднапирал, тој ја убил младата девојка, а телото го закопал во околината на Сомбор.

Семејството на Тијана е скршено од болка и тага, а целата балканска јавност е згрозена од она што се случило. Иако сите се надеваа дека полицијата ќе ја пронајде и врати Тијана дома жива и здрава, веста дека девојчето било брутално убиено и закопано, ја згрози балканската јавност. Изреволтирани и ужаснати, 28.000 луѓе на Фејсбук бараат смртна казна за убиецот кој ја зави Србија во црно.

07.08.2014 - 13:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа