„Жал ми е за Тијана, но жал ми е и за моето дете" - се огласи мајката на убиецот

Беше добар и чесен, се грижеше за мене само што немавме пари. Не бидејќи е мој син, но не можам да поверувам дека направил нешто вакво. Со овие зборови мајката на убиецот на исчезнатата Тијана го опишува својот син.

Макивија Џуриќ, мајката на Драган Џуриќ кој ладнокрвно ја уби Тијана, а потоа и ја закопа, по што го призна делото без ронка каење, за српскиот Курир ја даде својата потресна изјава. 

- Дознав вчера кога си дојдов од работа. Никој не ме извести дека синот ми е уапсен. Видов дека дома е хаос и дека нема никој,. па помислив дека тргнал да се самоубие. Отидов веднаш кај снаата, а таа ми кажа дека дошла полиција. Ништо не кажуваше дека тој би можел да направи вакво грозоморно дело. Не бидејќи е мој син, но навистина беше добар и се грижеше за мене колку што можеше. Жал ми е за детето што е убиено, многу ми е жал, но жал ми е и за моето дете, вели мајката низ солзи за српскиот Курир.

На крај, Макивија вели дека нејзиниот син треба да си ја одлежи казната.

07.08.2014 - 13:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа