Уште една трагедија: Тројца млади загинаа во сообраќајна несреќа во Србија

Во сообраќајна несреќа на патот Батајница, Србија рано утрово згаснаа три животи.

Во остра кривина каде што ограничувањето на брзината е 40 километри на час, возач изгубил контрола на комбето по што излетал од патот и удрил во столб од бандера.

Три млади момчиња починале на самото место, по што телата биле однесени на обдукција, а возило на вонреден технички преглед.

Според неофицијалните информации, кои ги сопштуваат српските медиуми, станува збор за две машки лица на возраст од околу 35 години и една жена не постара од 30 години

07.08.2014 - 13:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа