Ладнокрвно раскажал како ја убил - детали за убиецот на Тијана

Овој висок човек тежок 100 килограми по име Драган Џуриќ е убиецот на 15-годишната Тијана од која со денови немаше трага. 34-годишниот месар не покажал ни ронка каење за делото кое ја зави Србија во тага и болка.

Како што дознава српскиот Курир, Драган работел како месар, а во 2001 година се преселил во Сурчин каде живеел со мајка си, откако неговиот татко починал. Соседите го опишуваат како агресивен човек кој прави проблеми. 

Монструмот кој го признал убиството во полициската станица не зборувал многу и не покажал дека се кае. Ладнокрвно раскажал како ја убил тинејџерката и не пуштил ни солза. Тој ја одвел полицијата до местото каде ја закопал Тијана. Неодамна и на својот профил на Фејсбук објавил фотографија со своето возило, со кое и ја убил несреќната девојка.

07.08.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа