ФОТО: Си работел како ништо да не се случило - ова е убиецот на Тијана!

Целиот Балкан е завиен во црно откако синоќа 15-годишната Тијана за која сите се кренаа на нозе беше пронајдена мртва. Осомничен за нејзниото убиство е 34-годишниот Драган Џуриќ.

-Нашата надеж беше дека ќе ја најдеме Тијана жива, но сме задоволни што полицијата го уапси осомничениот за овој грозоморен чин. Поради вакви монструми ми е жал што Србија ја укина смртната казна. Изгледа дека нашиот народ не бил спремен за ваквиот тек на европската цивилизација, кога ја укина смртната казна, изјавил министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Осомничен за убиството на Тијана е Драган Џуриќ од Сурчино кој во тоа време бил Бајмук најпрво ја удрил со автомобилот и ја повредил. Потоа ја фатил за врат и ја фрлил во возилото по што ја одвел во атарот каде што ја убил. Осомничениот ја соблекол гола, ја одвел на 10 километри од Сомбор и ја закопал покрај патот.

Полицијата го пронашла осомничениот кој мирно си го сечел месото во месарницата во Суричино и се однесувал како ништо да не се случило.

07.08.2014 - 10:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа