Страшно: 60 годишен маж го уби таткото на својата 16 годишна љубовница

Го убил таткото на 16 годишната девојка со која бил во љубовна врска. 60 годишниот Ненад Тодоровиќ е новиот монструм кој го згрози Балканот. 60 годишниот Србин е уапсен откако во понеделникот со автоматска пушка го убил Миомир Васиќ, татко на неговата 16 годишна љубовница.

-Мотив за убиството е ќерката на Васиќ. Имено, Тодоровиќ има жена и две мали деца, а бил во врска со малолетничка. Тој и пишуваше безобразни пораки. Таткото разбрал за тоа и се загрижил како секој родител за своето дете. Човечки отиде да разговара со пријателот, но тој го уби, раскажа една сосетка за српските медиуми.

 

Очевидци тврдат дека Васиќ не ни успеал да разговара со љубовникот на својата ќерка бидејќи истиот го разрешетил со повеќе куршуми уште пред да излезе од автомобилот.

07.08.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа