Тревога во Грција поради еболата

Во Грција е објавена тревога поради појава на ебола, која во четири африкански земји досега одзема околу 800 животи.

Здравствените власти ја објавија тревогата по вонредното советување во грчкото Министерство за здравство со учество на претставници од центрите за контрола на заболувањата.

Експертите во Грција препорачуваат да се преземат засилени превентивни мерки и ги советуваат граѓаните да не патуваат во земјите од Западна Африка, освен ако тоа не е апсолутно неопходно.

 

07.08.2014 - 09:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа