Балканот завиен во црно: Исчезнатата Тијана пронајдена мртва

Балканот завиен во црно, исчезнатата Тинејџерка Тијана за која сите се кренаа на нозе е пронајдена мртва. Министерството за внатрешни работи го пронајде телото на исчезнатата 15 годишна Тијана Јуриќ, а лицето кое е осомничено за нејзиното киднапирање и убиство е уапсено, потврдуваат за Б92 од врвот на министерството.

Според податоците, се претпоставува дека тинејџерката била убиена истата вечер кога била киднапирана, а потоа била закопана кај Сомбор. Се претпоставува дека убиството го извршил месар од Сурчин кој бил во посета на пријатели. Осомничениот по апсењето и повеќечасовното испитување, признал дека го убил девојчето и ја однел полицијата на местото каде ја закопал. 

Тијана последен пат е видена на 26-ти јули, 25 минути по полноќ, недалеку од Скопртскиот центар „Рата“ во Бајмок. На неасфалтираниот дел од патот се пронајдени предмети, кои според нејзината мајка, и припаѓаат на Тијана. За решавање на овој случај биле ангажирани најмалку 100 припадници на српското МВР од Суботница, Белград и други места.

За денеска се најавени детали.

07.08.2014 - 09:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа