Едо Мајка за влакно и побегнал на смртта - еве каков хорор преживеал

Познатиот рапер Едо Маајка и неговото семејство преживеале вистински хорор. Како што пшренесува босанскиот Аваз, музичарот кој инаку живее во Израел морал да ја евакуира својата ќерка Јасмин и сопругата Лила од Тел Авив поради војната во појасот Газа.

- Едо мораше буквално да бега од станот за да не ги убијат. Одлуката ја донел преку ноќ, а со себе ги понел само неопходните работи. Никој во моментот нема контакт со него. Тој инаку треба да настапи на „Пивофест“ во Белград кој е планиран за следната сабота, пренесува весникот, кој додава дека раперот своето семејство го сместил во Загреб.

Музичарот во 2012 година во Хрватска  се венчаше за својата сегашна сопруга Лила која потекнува од Израел и работи како сценаристка на анимирани филмови.

06.08.2014 - 16:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа