Македонија финансиски на стабилни нозе!

Додека некои од земјите од соседството се соочуваат со закана за банкрот, Македонија финансиски стои на здрави нозе. Според магазинот „Euromoney“ од земјите од соседството, следни кандидати за банкрот може да бидат Босна и Херцеговина и Хрватска. Тука некаде е и Србија, која превентивно за да не дојде до банкрот, последниве месеци презема остри мерки и реформи за намалување на јавниот долг, пишува Лидер.мк.

Босна има најголеми шанси за банкрот. Состојбата во земјата е алармантна, но не е толку драматична како онаа во Аргентина. Според анализите, БиХ во следните 12 месеци има 27,4% шанси за банкрот. Економистите предупредуваат и дека Хрватска до 2016 нема да може да ги враќа долговите. Иако Хрватска не е сместена во групата земји најзагрозени од банкрот, банкротот и се приближува, велат аналитичарите. Од друга страна, состојбата во Србија ќе соодветствува со успехот на реформите за намалување на јавниот долг кои во моментот се спроведуваат.

Од земјите од регионот, според висината на јавниот долг моментно рекордер е Слоевнија со 28,8 милијарди евра, но има највисок БДП од сите тие држави, така што има можност да го отплати.На второ место е Хрватска со долг од 28,7 милијарди евра. Следува Србија со долг кој надминува 20 милијарди или 63,3 отсто од БДП. БиХ има јавен долг од 5,5 милијарди евра, Македонија од 2,7 милијадри евра и Црна Гора од 1,7 милијарди евра.

- „Она што е важно е дека колку што е понизок буџетскиот дефицит и колку е понизок јавниот долг толку е поповолен амбиентот за монетарната политика. Но, буџетот е основниот инструмент на владините политики, она што ние како монетарна политика можеме да го направиме е да ја одржиме стабилноста на цените преку стабилноста на девизниот курс и монетарната политика има инструменти, има моќ да ја одржи рамнотежата во македонската економија“, изјави во интервју гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Позитивно е тоа што девизните резерви на Македонија се зголемуваат не само поради приливот на еврообврзницата туку и поради откупот на девизниот пазар и позитивните трендови во овој дел. Моментално тие изнесуваат околу 2,3 милијарди долари.

Повеќе на ЛИДЕР.

06.08.2014 - 09:25
Фото: 
новамакедонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега