Најмногу инциденти има на фудбалски и кошаркарски натпревари

 

Само во првите шест месеци од годинава регистрирани се 19 случаи на нарушен јавен ред и мир пред, за време и по завршување на спортски натпревари, соопшти денес Министерството за внатрешни работи.

Според објавената статистика, од вкупниот број 11 биле на подрачјето на СВР Скопје, по три на територија на СВР Охрид и Штип и два на подрачјето на СВР Тетово.

-По осум од инцидентите се регистрирани за време на фудбалски и кошаркарски натпревари, а три  на  ракометен натпревар. За време на инцидентите физичка сила е употребена во 11 случаи, во пет случаи се фрлени тврди предмети и во по еден случај се употребени пиротехнички средства, омаловажувани полициски службеници и влегување на терен. Од ваквото однесување повредени се 12 лица,од кои четворица навивачи, четворица полицајци, три физички лица и еден тренер, а оштетени се автобус, воз, полициско возило, куќи и други предмети,велат од МВР.

Од преземените мерки во првото полугодие, Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против осум сторители за сторени две кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Покрај ова, на 27 лица учесници во инцидентите им се издадени 27 платни налози за сторени прекршоци од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и ЗППЈРМ.

05.08.2014 - 15:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега