Научете ги тајните на Македонија - земја на гурманите и на гостопримството

 

Бугарскиот весник „24 Часа“ објави текст за убавините на Македонија насловен како „Македонија - земја на гурманите и на гостопримството“. 

Македонија е земја на вкусот. Ако седнеш да јадеш апетитот ќе ти се зголеми уште по првиот залак од храната, која што ќе ти ја донесат. Ако се напиеш само една голтка вино, веќе никогаш не ќе можеш да ја згаснеш жедта. Тука луѓето знаат како да и се насладат на храната, а јадењето е своевиден ритуал.Многуте сончеви денови се извор на богатите вкусови и ароми во македонската кујна. Регионот се одликува со клима, која е подобна за одгледување овошје, зеленчук и разновидни билки и зачини. Секоја година, овоштарниците и градините се полни со неверојатно вкусни плодови, бочвите се полни, а месото е природно и исклучително квалитетно. Во Македонија е лесно да се одговори на кулинарските желби на секого - како на оние кои сакаат специјалитети од месо или риба, така и на оние кои претпочитаат разнообразна вегетаријанска храна. Секое годишно време има определена сезонска храна, а секој крај има свој специјалитет. Едноставно, ви се отвора голем избор на храна и при тоа не може да згрешите. Долината на вкусовите ја задоволува жедта на секој турист, кој ќе дојде да го дегустрира најквалитетното македонско вино. Има една легенда според која некогаш во најсушниот регион во Македонија - Тиквешкиот имало повеќе вино отколку вода, стои во текстот.

Македонските винарски визби целосно ги отвораат вратите за сите посетители. Тие заедно со екипа на сомелиери, на весел, неформален и релаксирачки начин може да дегустираат вина во комбинација со различни видови храна.Ве каниме на деликатесна и винска турнеја, која ќе ви помогне да ги научите тајните на неоткриената Македонија, стои во текстот на бугарскиот „24 Часа“.

05.08.2014 - 11:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега