Балакнска снаодливост: Србинот кој беше киднапиран во Либија им побегнал на кинаперите

Рударскиот инжинер Марио Станисавлевиќ кој бил киднапиран во Либија, вчера пристигнал во Блеград

-Пристигнав, еве ме во Блеград. Со мојата сопруга, децата, пријателите вечерва најверојатно че стигнам во Деспотовец, изјавил Станисавлевиќ за Танјуг во телефонски разговор.

-Побегнав од затворот, а што и како се случуваше таму не е баш за во јавност. Компанијата за која работам како и амбасадата на Србиоја во Либија ми помогнаа да стигнам до Белград и еве сега сум тука, изјавил Станисавлевиќ за Танјуг во телефонски разговор.

Според  неговите тврдења, тие се обиделе да ја уценат фирмата за која работел за одредена сум на пари, но не успеале.

 

Станисавлевиќ во Либија работел на истражување на нафта и руда за меѓународната компанија “VAOS limitid” од Малта.

05.08.2014 - 10:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа