Киднапираниот Србин во Либија им побегнал на киднаперите

Рударскиот инжинер Марио Станисавлевиќ кој бил киднапиран во Либија, вчера пристигнал во Белград.

-Пристигнав, еве ме во Блеград. Со мојата сопруга, децата, пријателите вечерва најверојатно че стигнам во Деспотовец, изјавил Станисавлевиќ за Танјуг во телефонски разговор.

-Побегнав од затворот, а што и како се случуваше таму не е баш за во јавност. Компанијата за која работам како и амбасадата на Србија во Либија ми помогнаа да стигнам до Белград и еве сега сум тука, изјавил Станисавлевиќ за Танјуг во телефонски разговор.

Според  неговите тврдења, киднаперите барале откуп од фирмата за која работел, но не добиле пари.

Станисавлевиќ во Либија работел на истражување на нафта и руда за меѓународната компанија “VAOS limited” од Малта.

 

 

05.08.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа