Починал на лице место - се забил со комбето во бандера

Уште една страотна сообраќајка во Белград. Утрово околу 6 часот комбе се забило во бандера, откако најверојатно му се слошило на возачот. Според податоците од српскиот Курир, човекот чиј идентитет е сеуште непознат, за жал им подлегнал на повредите на местото на несреќата.

Брзата помош го затекнала човекот без свест и пулс и не можела да направи ништо освен да констатира смрт. 

Увидот е во тек и се работи на откривање на причините за несреќата.

05.08.2014 - 09:47
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа