Пријателите на исчезнатата Тијана молат: Ѓоковиќ помогни ни!

Пријателите на 15-годишната Тијана од која со денови нема глас го замолија за помош најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Нејзините пријатели пишаа на фондацијата на Новак, ја ставија нејзината фотографија на неговите профили на социјалните мрежи и го замолија да помогне да се најде нивната другарка, сотоа што милион лица кои го лседат ќе ја видат нејзината фотографија, па можеби така и ќе биде пронајдена.

Како што дознава српскиот Курир, потрагата по Тијана во овој момент е главен приоритет на полицијата. Вчера беше лоциран нејзиниот телефон близу границата со Унгарија.

 

05.08.2014 - 09:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа