Земјоделството во Романија претрпе големи штети од поплавите

Поројните дождови изминатите денови во Романија предизвикаа големи штети врз земјоделството, погодувајќи околу 30.000 хектари обработлива почва.

Поплавите ги погодија житните насади, така што реколтата што не била собрана претходно ќе биде со низок квалитет. Земјоделците тврдат дека најмалку една четвртина од насобраното жито ќе биде храна за животните.

Во исто време, една третина од производството на домати и пиперки изгниле на полињата.

- Есенските зеленчуци и овошја за конзервирање ќе бидат помалку. Ако продолжи да врне, ќе останеме без пиперки, домати, зелени домати, краставици, грав и репкасти плодови бидејќи многу брзо гнијат, изјави Јон Чоројану, претсатвник на Асоцијацијата на земјоделци во Романија.

04.08.2014 - 13:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа