"Му го пресече гркланот, крв имаше на сите страни" - крвав масакр во Србија

Нема крај на немилите настани, сообраќајки и убиства во Србија. Според податоците од српските медиуми, обезбедувач на градилиште во Србија масакрираше три пијани момчиња кои гo нападнале. 

Момчињата се опијаниле, па дивееле. Најпрво го скршиле стаклото од неговата кабина, а потоа дивјачки го претепале. 

- „Чуварот едвај застана на нозе. Извадил нож и го зарил во едното момче, а малку му го пресекол и гркланот. Крв имаше на сите страни, му течеше од устата и носот. Сите баравме помош. Чуварот видно претепан, вознемирен гледаше само во една точка. Лицето му беше изобличено. Премногу го тепале, вели очевидец на масакрот кој го потресе регионот.

Веднаш со возило на Итна помош во болница биле пренесени 19-годишниот Г.С. на кој му бил пресечен вратот и обилно крварел, П.Ф. (20) со повредена рака и Д.А. (19) со исечени прсти и повредена дланка со кои се здобил кога го кршел прозорот.

 

04.08.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа