Потресни писма од другарите на исчезнатата Тијана

Другарите на Тијана од која со денови нема ни трага ни глас, напишаа потресни писма за својата другарка.

- Таа е моја сестра. Не можам и не сакам да си го замислам животот без неа. Ве молам вратете ми ја! Сакам повторно да ја гушнам, нема никогаш да ја пуштам. Со денови сонувам како ми ја отвара вратата и ми вели, Сашка јас си дојдов, пишува нејзна другарка.

- Тијана е секогаш ведра и насмеана. Секогаш се шегува. Можам да зборувам за било што во било кој дел од денот и ноќта. Секогаш е тука за мене. Ми недостасува нејзиниот бакнеж и разговорите со неа, вели друго девојче.

- Го чекав со душа распустот за да бидеме заедно, да излегуваме и да се дружиме. Таа е личност која не ја трга насмевката од лице и во најтешките моменти. Најмногу ми недостасува начинот на кој се шегува, вели нејзината другарка Маја.

- Од денот на исчезнувањето отиде и дел од мојата душа. Ништо не правам, цел ден мислам на неа. Ќе се израдувам само ако знам дека си жива и здрава, вели нејзиниот пријател Миливоје.

04.08.2014 - 10:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа