Вучиќ: Србија за две години ќе биде нормална земја

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија добила една милијарда долари од Обединетите Арапски Емирати за пополнување на буџетот - пензии и плати, како и за покривање на дел од кредитите.

Тој најави дека солидарниот данок ќе биде укинат во септември, а платите во јавниот сектор и пензиите ќе се зголемат кога бруто домашниот производ ќе забележи раст од три отсто.

Вучиќ посочи дека јавните финансии во Србија се доведени до ивица на пропаста, но оти мерките кои ги предлагаше  поранешниот министер за финансии Лазар Крстиќ, вклучително намалување на пензиите до 20 проценти и платите во јавниот сектор за 15 отсто, граѓаните на Србија не би можеле да ги преживеат.

Тој оцени дека Владата по преземените мерки „ќе страда“ во политичка смисла, но оти се бори за народот и за иднината.

- Ние направивме план кој речиси во целост ги исполнивме и кој е поддржан и од Светската банка и од Меѓународниот монетарен фонд и од шефот на Мисијата на Европската унија во Србија, Мајкл Девенпорт.

Доколку сите предвидени мерки бидат исполнети, за две години Србија ќе биде нормална земја, наведе Вучиќ.

04.08.2014 - 09:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа