Иванов ќе се закити со Наградата за демократија
Претставници на американскиот Институт за политички и економски системи, денеска, на македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе му ја врачат наградата за демократија и пазарна економија. Свечената церемонија ќе се одржи на Карловиот универзитет во Прага.
- На Иванов му се доделува наградата поради неговите достигнувања во промовирањето на економската слобода, намалувањето на даночните стапки и невработеноста, зголемувањето на транспарентноста и подобрувањето на јавното образование, се вели во образложението.
Оваа престижна награда се доделува на лидери од Југоисточна Европа кои придонесуваат за слободата и слободните економски пазари во светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа