Уживајте во сонцето - од утре дожд
Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 33 степена.
Од вторник повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
04.08.2014 - 08:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа