Силно невреме на Водно - луѓе заглавени во жичарницата чекаат евакуација
Силното невреме што го зафати Скопје попладнево ја запре жичарата на Водно и изненади многу граѓани коишто беа на Милениумскиот крст, а некои од нив се заглавени во кабините на жичарата, јави МТВ.
Се прават напори граѓаните безбедно да се спуштат. Надлежните за МТВ велат дека се безбедни и дека се евакуираат.
Имало околу стотина граѓани за време на невремето, а дел од нив се спуштиле пеш по патеката
03.08.2014 - 20:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа