Две лица загинаа, 500 евакуирани - хаос во Бугарија

Поплавите во бугарскиот град Мизија зедоа две жртви, а спасувачките тимови евакуираа повеќе од 500 лица, откако синоќа надојде реката Скут, која минува низ градот, јавува бугарската новинска агенција БТА.

Спасувачките тимови утрово го пронајдоа безживотното тело на возрасна жителка на градот во нејзиниот дом, а претходно беше најдено телото и на 60-годишен маж, кој одбил да ја напушти својата куќа и да се евакуира.

 

Повеќе од 50 куќи се урнаа при надоаѓањето на реката Скут, а стотина куќи останаа под вода. Се уште трае евакуацијата на населението со хеликоптери и чамци.

Во поплавите во Бугарија, во јуни загинаа 11 лица, а најтеѓко беше погодена Варна, на брегот на Црното Море.

03.08.2014 - 14:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа