Црна Гора покрена истрага за аферата „Снимка“
Пратениците од парламентот на Црна Гора едногласно доцна синоќа донесоа одлука за отворање парламентарна истрага и формирање анкетен одбор за аферата Снимка.
Аферата Снимка е поврзана со објавување аудио снимки од седници на органи на владејачката Демократска партија на социјалистите на кои е зборувано за употреба на државни ресурси во партиски цели, односно за вработување по партиска припадност.