Честитка од министерот Јолевски за Илинден
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот празник „2 Август – Илинден“.
Mинистерот Јолевски порачува дека во спомен и со огромна почит кон сите оние кои го дадоа животот за својата земја, наша обврска е да работиме напорно и со сите сили Македонија да ја направиме уште попросперитетна и поразвиена. Министерот Јолевски со исклучителна чест и задоволство денеска ја предводеше владината делегација за чествување на овој голем празник во вечното Крушево.
02.08.2014 - 15:23
Фото:
канал5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа