ФОТО: Се јавија киднаперите на Тијана - еве што бараат
Минатата ноќ на социјалната мрежа Фејсбук е направена група „Тијана Јуриќ-Како да се дојде до неа?“. Тука се напишани условите под кои таа ќе биде пуштена.
-Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите треба да бидат уплатени преку на следнава жиро сметка: 160-335001-90. Очекувајте нови слики од лице место, Вашите киднапери- пишуваа на оваа страница.
Со пребарувањето на жиро сметката, како што пишуваат српските медиуми, се доаѓа до податок дека нејзиниот сопственик е приватен претприемач од Сјеница, Нермин Ф., кој во своја сопственост има киоск за скара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа