Трајковски: Законските измени за ДДВ обврзниците по барање на малите фирми

Ноторна лага се информациите што деновиве ги пласираат некои медиуми дека законските измени кои предвидуваат намалување на прагот од два на еден милион евра за ДДВ обврзниците ќе бидат смртна казна за малите бизниси, рече денеска директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски, пренесе МИА.

Според него, нонсенс се и тезите дека оваа мерка се воведува за да се полни буџетот.

- Ова е барање на малите бизниси. Доколку тие не се ДДВ обврзници, не можат да бидат конкурентни и атрактивни на пазарот, ниту препознатливи за големите компании, напомена Трајковски на прес-конференција.

Тој тврди дека малите ДДВ обврзници создаваат негативен ДДВ ефект на буџетската сметка.

Во Македонија моментно се регистрирани 34.000 ДДВ обврзници. Согласно тековните анализи по повод предложените законски измени,  10.305 субјекти исполнуваат услови да станат ДДВ обврзници со планираниот праг од еден милион евра годишен промет. Сепак, како што истакна директорот Трајковски, точната бројка ќе се знае во јануари идната година до кога ќе се процени и буџетскиот ефект од измените. 

31.07.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега