ФОТО: Игор си доби автомобил на Пивофест во Прилеп

Ново, среќно име успеа да се вклучи во регистерот среќни добитници, благодарение на штандот на Државана лотарија на Македонија на деновите на пивото и забавата во Прилеп. Овие денови беа дефинитивно и денови за среќа со можност за парични и стокови добивки за сите кои го посетија штандот на Државна лотарија на Македонија.

Најсреќен и највозбуден беше Игор Ацески, кој токму на на Пивофест стаса до премијата во Инстант лотаријата Твингоманија 2- автомобил Рено Твинго. Игор редовно практикува да ги игра Инстрант лотариите. Последниот најсреќниот Инстант лоз Твингоманија 2 го изгребал заедно со неговите ќерки Марија и Магдалена.

Со лозот ТВИНГОМАНИЈА 2 Државна лотарија на Македонија на играчите на Инстант лотаријата им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари.  Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни 2012а. Првиот добитник на автомобил Твинго Тренд го добивме уште на првиот ден на продажбата, на самата промоција.

Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно  40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ.

Твингоманија 2  досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се  вкупно 18 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, три во Битола  а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Гостивар и Куманово. Во игра се уште 22 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки.

30.07.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега