Ја видов како паѓа: Студентка се фрли зградата на студетскиот дом

Дваесет и девет годишната студентка Андријана П. денес извршила самоубиство скокајќи од третиот кат од пожарникарските скали во студентскиот град во Нов Белград.

Очевидец на трагедијата за српските медиуми вели дека сè се случило за миг.

-Поминував во близина на скалите и махинално погледнав нагоре. Одеднаш видов девојка како скока од третиот кат. Беше ужасно, не можев да верувам што се случило. Девојката едвај даваше знаци на живот. Веднаш повикав Брза помош, но за жал таа набрзо почина, вели вознемирениот очевидец.

Лекарските екипи можеле само да ја констатираат нејзината смрт. Мотивите за самоубиството се уште не се познати. 

 

 

29.07.2014 - 17:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега