Циклон доаѓа над Македонија - од утре невреме

 

Подрачјето на Македонија од утре попладне ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса од запад, која на повеќе места ќе предизвика нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер, силни електрични празнења и град.

Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со нешто посмален интензитет на грмежи, но ќе има пообилни врнежи од дожд, на места и над 30 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Стабилизирање на времето и пораст на температурата се очекува дури од сабота.

 

 

29.07.2014 - 13:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега