Груевски на средба со Нимиц

 

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со медијаторот Метју Нимиц кој вчера пристигна во Скопје.

Нимиц во Скопје прв пат ќе се сретне со новиот претставник на Македонија во спорот за името и амбасадор во САД, Васко Наумовски, кој е именуван на функцијата со одлука на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.  Се очекува тој да се сретне и со шефот на државата Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, минатата недела изјави дека овој пат очекува голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Нимиц, тогаш истакна дека очекува и добра соработка  со новонаименованиот преговарач за името амбасадорот Наумовски како што имаше и со неговиот претходник Зоран Јолевски.

29.07.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега