Што му се случи на летото - еве какво ќе биде времето до крајот на неделата

 

Во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите прво ќе ги зафатат западните предели. Локално можна е појава на град. Во вечерните часови поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и североисточните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30км/ч. Утринските температури од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 37°C. УВ индекс 8, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weather4All.

Во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и пад на температурите. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер кој попладне ќе го промени правецот во северен и северозападен, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури од 20°C до 31°C. 

 

Нестабилното време ќе продолжи и во петок. Ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 29°C. 

29.07.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега