Брод со имигранти започнал да тоне во Јонско море

Бродот на којшто имало 60 имигранти се наоѓал помеѓу островите Закинтос и Кефалонија во Јонското море, испратил сигнал за помош до грчката крајбрежна стража.

Локалните медиуми соопштија дека бродот почнал да тоне откако се расипал моторот. Имигрантите, за кои се претпоставува дека се нелегални, тргнале од Истанбул кон Италија.

 Чамци на грчката крајбрежна стража и турски товарен брод се упатиле кон бродот за да го извлечат до пристаништето на островот Кефалонија.

 

29.07.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега