Запознајте го првиот Македонец кој успешно се искачи на К2
Македонсиот алпонист Здравко Дејановиќ е првиот македонец кој успешно го искачи К2, вториот но и еден најопасните врвови на планетава, пренесува karas4training.
Ваквиот подвиг се случи завчера во раните утрински часови. За подвигот на Здравко кој беше дел од интенационален состав, пиша веб сајтот explorersweb.com кој пренесува најнови вести од искачувањата на големите врвови низ светот.
Здравко беше дел од американски и фински тим составен од Иранецот Реза Шахале, нашиот Здравко Дејановиќ и Шерпасот Мингма Гајле кои исто така успешно се искачиле дента и се на симнување.
„Денеска (27 јули) сите членови на нашиот тим успешно се качија“ - била пораката од интернационалното трио.
К2 (8,611 м.н.в) е вториот највисок врв на земјата кој е сместен во Пакистан и тој заедно со Анапурна (8,091 м.н.в) се сметаат за најтешките и најсмртоносните врвови на светот.
Ова не бил прво обод на Здравко да го искачи овој врв. Претходно имаше еден неуспешен обид за качување минатата година, но 2014 се покажа за поуспешна. Во своето резиме тој има и други бројни високи врвови како Монт Еверест, Аконкагва и др.
Му посакуваме безбедно симнување и враќање во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа