Генералниот секретар на Светската туристичка организација во Македонија

 

На покана на шефот на македонската дипломатија, генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи, престојува во официјална посета на Република Македонија.

Рифаи е во Македонија од 27 до 30 јули, а за овој период предвидено е да се сретне со премиерот Никола Груевски и да му предаде отворено писмо од кампањата на Светската туристичка организација „Глобални лидери во туризмот“, со кое се повикуваат шефовите на држави и влади да ги промовираат вредностите на туризмот при неговото унапредување и развој. Генералниот секретар Рифаи ќе оствари повеќе средби со претставници од надлежните институции во областа на туризмот. На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денеска попладне ќе одржи предавање за современите трендови во развојот на светскиот туризам.

Рифаи вчера го посети Охрид и се сретна со заменик-градоначалникот на оваа општина Ангел Јанев. 

29.07.2014 - 09:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега