Нимиц пристигна во Македонија - еве што изјави
Не носам нов предлог за името, изјави посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, кој денеска пристигна во Скопје, во рамки на новата рунда разговори со властите во Македонија и Грција.
- Не носам нов предлог, но имам идеи, рече Нимиц, кој околу пладне стигна во Макеоднија.
Според соопштението на ОН, Нимиц ќе престојува во Македонија, денеска и утре, а ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.
- Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името, пишува во соопштението на ОН.
Медијаторот изјави дека очекува и добра соработка со новонаименованиот преговарач за името амбасадорот Наумовски како што имаше и со неговиот претходник Зоран Јолевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа