Одморивме три дена - ова се сите неработни денови до крајот на годината
Понеделник 28 јули, првиот ден на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.
Ова се сите неработни денови до крајот на годината.
За сите граѓани на РМ
· 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
· 02 август (сабота), Ден на Републиката
· 08 септември (понеделник), Ден на независноста
· 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед:
· 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:
· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа