Масовен штрајк во Атина

Работниците во државните служби во Атина денеска ќе излезат на штрајк кој ќе започне во 11 часот по локално време и ќе трае до крајот на работниот ден. Тие ќе протестираат пред Апелациониот суд во Атина, кој денеска треба да се произнесе по судската одлука со која штрајковите во јавниот сектро беа прогласени за незаконски. Организаторите повикаа на масовен одѕив на вработените со цел да се „спротивстават на обидите на Владата за криминализација на работничката и синдикалната борба“.

 

 

28.07.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега