Се множат италијанските инвестиции во земјава

Македонија станува атрактивна бизнис дестинација за италијанските компании. По Технохозе и Дијатек, во слободната економска зона Бунарџик сега ќе гради и компанијата Монтанте груп. Ваквите успешни резултати се последница на честите презентирања на поволностите за инвестирање во Италија од страна на речиси сите владини министри задолжени за привлекување странски инвестиции, пишува Лидер.

Монтанте груп- мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра.

За условите за инвестирање компанијата се информирала на минатогодишното роуд шоу, по што следат неколку посети од наша и нивна страна, а во преговорите бил вклучен и промоторот во Италија Иван Илиев. По девет месеци компанијата донесе одлука во наша корист- да инвестира во Македонија.

-Не е тајна дека пред да дојдеме во Македонија бевме и во соседните држави, но Македонија ни понуди најдобри услови за инвестирање и затоа токму тука се одлучивме да ја отвориме нашата фабрика. Не станува збор за дислоцирање на постојна фабрика, туку во Македонија ќе градиме целосно нов капацитет. Нашата компанија се наоѓа близу Торино. Морам да упатам благодарност до премиерот Груевски и на неговиот економски тим за понудените услови и за заложбите за привлекување на странски инвестиции во Македонија, истакна сопственикот на Монтанте груп Антоанело Монтанте.

-Она што е многу важно е дека господинот Монтанте освен што е сопстевник на мултинационална компанија исто така е и потпретседател на најголемата асоцијација на компании индустријалци нешто слично на нашата стопанска комора и тој има многу големо влијание во таа групација бидејќи ако таа компанија одлучила да инвестира во некоја земја тоа значи многу позитивен знак за другите компании кои се дел од таа групација и на начинот на кои тие би ја разгледувале Македонија за евентуална дестинација за инвестирање. Исто така значајно е што и сопственикот на групацијата кажа дека се планира оваа инвестиција да биде дури три до четири пати поголема што значи дека не само вработувања до 400 луѓе туку и една инвестиција од 40 милиони евра, изјави Виктор Мизо, директор на ТИРЗ, пренесе Лидер.

28.07.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега