Нимиц доаѓа во Македонија
Медијаторот Метју Нимиц, денеска ќе пристигне во Македонија, во рамки на неговата нова рунда разговори со властите во Скопје и Атина.
Нимиц ќе престојува во Македонија, денеска и утре, а ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.
- Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името, пишува во соопштението на ОН.
Инаку, Нимиц во Скопје прв пат ќе се сретне со новиот претставник на Македонија во спорот за името и амбасадор во САД, Васко Наумовски.
Во изјава за програмата „Гласот на народот“ посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, минатата недела изјави дека овој пат очекува голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина.
- Ќе поминам две деноноќија во Скопје и во Атина со државниот врв на двете земји, на кој се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името, потенцира Нимиц.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа