Ахмети упати честитка за Рамазан Бајрам
Имам посебна чест во името на сите членови и поддржувачи на Демократската Унија за Интеграција и во моето лично име, на сите муслимански верници да им честитам по повод големиот празник Рамазан Бајрам посакувајќи им здравје и благодет покрај нивните семејства. Вака Ахмети го честита Рамазан Бајрам.
Месецот Рамазан и Рамазан Бајрам не враќаат кај најдобрите човечки вредности на кој силно рефлектираме во текот на месецот на постот и празникот Бајрам. Посакувам овој празник да ве пронајде во радост покрај вашите семејства и да не обедини во мир и подадена рака за меѓусебно разбирање, солидарност и добри дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа