Пожарникарите со полни раце работа - циклонот Лука направи хаос во Хрватска

Циклонот Лука вчера ја зафати Хрватска, посебно северната половина од Јадранско Море, како и западните делови од внатрешноста на земјата.

Невремето  почна вчера попладне во северниот дел на Јадранско Море, за подоцна да ги зафати и западните и централните делови на внатрешноста на земјата.

Дожд со грмежи ја зафати и Славонија и северните делови на континетална Хрватска и северниот дел на Далмација.

Невремето предизвика проблеми и во Загреб, каде се регистрирани повеќе интервенции на пожарникарите и на комуналната служба.

27.07.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега