Ставрески: Со ребалансот издвоивме повеќе пари за патишта

На синоќешната владина седница усвоен е ребалансот на Буџетот. Се работи за мини ребаланс кој е околу 2 отсто од вкупните приходи и расходи: Ова го изјави вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески.

- Причината е да се усогласи динамиката на расходи која е подобра од предвидувањата посебно во делот на инфраструктурата со динамиката на приходната страна. Со ребалансот обезбедивме дополнителни средства за реализација на одредени инфраструктурни проекти, вели Ставрески.

Буџетскиот дефицит со ребалансот ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 отсто од БДП.

- Тој простор ќе го искористиме за дополнителни средства од милијарда и 43 милиони денари за поинтензивна градба на Коридорот 10. Таму градбата оди добро и сакаме годинава да се дозавршат работите побрзо, затоа обезбедуваме дополнителни средства, изјави Ставрески и дополни дека ќе има и дополнителни средства во делот на социјалните примања.

Ставрески нагласува дека со овој мини ребаланс ќе успееме да останеме во зоната на фискална стабилност и да обезбедиме непречено реализирање на сите проекти на Владата на РМ.

26.07.2014 - 13:37
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега