"Како ќе живеам без тебе сине мој" - ги изгубил жената и ќерката, сега му го убија синот

Седеле и пиеле пред селската продавница па го убил. Ваков хорор во четвртокот се одвивал во Србија кога 52-годишниот Драган М. го усмртил својот пријател, 39-годишниот Бобан Филиповиќ, откако претходно заедно седеле, пиеле и се смееле.

- Оф сине, оф Бобане....како ќе живеам без тебе сега? Велеше дека ќе се ожениш, имаше планови...а сега ти купувам ковчег, неутешен бил таткото на Бобан кој пред 14 години ја закопал својата сопруга, пред 12 ја испратил во вечното живеалиште и својата ќерка, а сега го снашла уште една несреќа, па си го закопува и синот.

Според податоците на српскиот Курир, пред продавницата во четвртокот биле 7-8 мажи кои седеле и пиеле. Откако се запиле, започнале блага расправија, па соседот ја опцул покојната мајка на Бобан. Бобан толку се разлутил што станал иму удрил шлаканица, а Драган се разбеснил и го убил. Сите останале шокирани бидејќи се се одвивало многу брзо.

26.07.2014 - 11:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега