Во Охрид нема капење - еве какво ќе биде времето за продолжениот викенд

 

Продолжен викенд среде јули е одлична шанса за да се „пресече“ летото. Сепак, не сите денови ќе поминат со добро време во земјава.  

Во сабота се очекува релативно топло време.  Максималната  ќе достигне вредност околу 31°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 29°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 36°С ќе биде во јужниот тек на Вардар. 

Попладне локален развој на дождоносна облачност ќе има во западниот регион. Услови за локален дожд приквечер ќе има во крајниот исток на земјава, како и во околината на планинскиот регион околу Кожуф. 

Вредност на УВ индекс 7.

Во недела ќе има мал пад на температурата. Максималната ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 34°С ќе биде во југоисточниот регион. Денот ќе започне со мала до умерена облачност. Попладне и вечерво најголем дел од земјата ќе има појава на дожд и грмежи, локално со поголем интензитет. Наместа не се исклучува можноста за појава на град.

Вредност на УВ индекс 7.

 

Понеделник ќе донесе малку постабилно време од недела, а температурата ќе биде во мал пораст. Максималната вредност во земјава ќе достигне 35°С. Во текот на денотр ќе има мала до умерена облачност, а попладне повторно ќе има појава на локален дожд, наместа проследен со грмежи.
Вредност на УВ индекс 8.

Во туристичкиот центар Охрид, температурите ќе се движат меѓу 25 и 27 степени. За во недела се најавува врнежлив ден, со температура до 25 степени. Во понеделник ќе следи разведрување и температура до 26 степени. 

25.07.2014 - 12:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега