Лица со посебни потреби од Македонија бесплатно ќе одат на одмор во Црна Гора
Во текот на месец јуни и септември лица со посебни потреби од Македонија десет дена бесплатно ќе летуваат во Добре Воде кај Бар, Црна Гора, во рамки на заеднички проект на велешкото Здружение за лица со церебрална парализа и НВО „Хуманитарна фамилија“.
Првата група која ќе го користи терминот во јуни е составена од 30-тина лица кои доаѓаат од Заводот за здравствена заштита и рехабилитација Бањско, од Велес, од Скопје и Штип кои оваа година самите ќе го платат патот до локацијата каде ќе се спроведува рекреативната и рехабилитациона терапија.
Преку овој проект се овозможува неопходната терапија за лицата со попречености кои имаат церебрална парализа, даунов синдром, ментална ретардација.