ССМ ги поздрави Владините мерки за продолжување на работниот век

Законските имзени подготвени од Владата со кои на жените им се овозможува да работат до максимум 65, а на мажите до 67 години, без барање од работодавачите, беа поддржани од страна на Синдикалниот сојуз на Макеоднија, пренесува Алфа

Првиот челник на ССМ, Митрески, потсети дека токму ваквите барања биле предложени од оваа организација уште пред 4 години. 

Со ваквите измени Митрески посочи дека ќе се подобри животниот стандард на работниците. 

Митрески посочи дека засега ги немаат потребните бројки на работници кои би сакале да го продолжат работниот век и по навршениот потребен број на години за пензионирање, но вели дека е оптимист дека ќе има заинтересиранотст во сите индустриски сфери, без оглед на разликите во платите.

Од ССМ беше поздравена владината одлука за пензиско и здравствено осигурување да добијат и хонорарците кои работат со договор на дело или авторски договор. 

Освен персоналниот данок, работодавачите ќе мора да им ги плаќаат и овие придонеси и тоа за примања над износот на минималната плата. 
23.07.2014 - 18:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега